Се одржа Детскиот музички фестивал „Распеано симитче 2020“

Во Центарот за култура Крива Паланка се одржа шестото издание на Детскиот музички фестивал „Распеано симитче 2020“.

На фестивалот беа изведени 10 нови композиции, со модерен стил, создадени од локални и регионални автори, во прилог на афирмацијата на локалната музичка сцена и култура.

Детските песни беа изведени од млади таленти од Крива Паланка и Куманово и тоа: Лана Велковска, Михаил Митовски, Ева Јакимовска, Сара Димитровска, Дарија Пешовска, Ева Стојановска, Милица Арсовска, Јана Трајковска, Драгана Давитковска, Глорија Груевска и Невена Стаменковска.

По традиција, фестивалот и годинава имаше специјални гости, а овојпат тоа беа Ивана Манојловска и Вера Петкова, поранешни учеснички на „Распеано симитче“, кои пред 10 години настапија како солисти.

Автори на композициите се Игор Трајковски, Снежана и Оливера Николовски, Гордан Спасовски, Рената Кралевска, Филип Додевски, Лариса Жулина Митовска и Билјана Петковска Антовска.

Извршен продуцент е Методи Цветковски а музички продуценти се Сашо Митковски и Игор Трајковски, аудио материјалот е снимен во  студиото „СМ“. Оранизатор на Детскиот музички фестивал е Центарот за аудиовизуелни уметности, покровител општина Крива Паланка, а поддржувачи Министерството за култура, НУ Центар за култура и Градски музеј Крива Паланка.