.

ЏЕЗ ЛЕКТИРА
ЏЕЗ ЛЕКТИРА е проект кој има едукативен карактер и кој во себе содржи 2 сегмента. Првиот дел е одржување на интерактивни џез работилници за млади на кои се презентираат основни информации за џезот, постанокот, жанровите, свирењето на инструментите, со практични примери и интерпретација во живо.
Во вториот дел се организираат џез концерти со познати џез музичари, кои изведуваат светски џез стандарди, паралелно на видео бим се прави и презентација на авторите, изведувачите и се презентираат детали за самите џез композиции, кои се веќе дел од светското музичко културно наследство. Едукативниот карактер на џезот и неговото влијание во отворањето на нови видици и поинаква перцепција на вкупното живеење, го прави исклучително важен сегмент во создавањето на една комплетна личност.
Новости
ЏЕЗ ЛЕКТИРА
Младите од Крива Паланка се запознаа со основите на џезот и џез композициите на работилница што ја водеа истакнатите македонски џез музичари. Работилницата беше интерактивна...
Повеќе