ЦЕНТАР ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ

Foto by Gjorgji Kostovski

За CaArts

Центар за аудиовизуелни уметности

Центарот за аудиовизуелни уметности е формиран во 1998 г. со основна цел да ја развива аудиовизуелната култура меѓу младите и возрасните, а воедно да создава услови за размена на искуства, едукација и промоција на нови пристапи во оваа област.

Проекти

Џезот и неговото постојано менување, импровизации, полиритмија…, создава нови форми и стилови, отвара нови сетила и перспективи во културното егзистирање на човекот.

Едукативниот карактер  на џезот и неговото влијание во  отворањето на нови видици и  поинаква перцепција на вкупното живеење, го прави исклучително важен сегмент во создавањето на една комплетна личност. 

Манифестацијата промовира некомерцијална и класична музика во изведба на реномирани и потврдени уметници, кои презентираат дела на домашни и светски познати композитори.

Kонципиран како детски фестивал кој има регионален карактер. Песните што се изведуваат се поблиску до поп музиката од различни стилови како и соодветни џез примеси прилагодени за детската возраст .

Културата ја сочинуваат две компоненти: традиционалните норми, верувања, вредности и однесувања, од една страна и поединецот, од друга, кој станува основен двигател во промената на традиционалните елементи на културата.

Медиумската писменост е исклучително важна во време на дигитална ера за да се развијат вештини и критички став кон океанот на информации од кои голем дел се непроверени и неточни,

Во медиумите

Во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности “КААРТС” и Локалната установа Градски музеј Крива Паланка, кривопаланчани можеа да уживаат во звуците на некомерцијална и класична музика на два целовечерни концерти “Вечер на пјацола” и “Вечер на љубов и гитара”.

Младите од Крива Паланка се запознаа со основите на џезот и џез композициите на работилница што ја водеа истакнатите македонски џез музичари.

Во Градскиот музеј во Крива Паланка вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба на дела од Димитар Стојчевски и ќе биде промовирана монографија за животот и делото на Стојчевски. Автор на монографијата и куратор на изложбата е Гоце Божурски, историчар на уметност.

Во Градскиот музеј од Крива Паланка денеска беше свечено промовирана и подарена првата збирка со дела од современа ликовна уметност, од страна на Центарот за аудиовизулени уметности на оваа културна институција.

Во Крива Паланка, по 6-ти пат, утре ќе се одржи Детскиот музички фестивал „Распеано симитче“, што го организира Цетарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, под покровителство на општина Крива Паланка и со поддршка на Министерството за култура.

Соработници