.

Медиумска писменост

Медиумската писменост е исклучително важна во време на дигитална ера за да се развијат вештини и критички став кон океанот на информации од кои голем дел се непроверени, неточни, полувистинити,сензационалистички, со цел да манипулираат и наведуваат. 

Неопходно е младите да знаат да ги селектираат, анализираат  и проверуваат информациите за да ја откријат вистината и да ја формираат својата личност.

Проектот „Медиумско описменување за критичен младински став“ има за цел креирање на критички став и младински активизам за позитивни општествени промени преку медиумска писменост кај учениците во основните училишта од Крива Паланка, Кратово и Ранковце. 

Учениците работеа на јакнење на свеста  за препознавање на лажни вести,критичко и креативно изразување и градење на капацитетите  на младински активизам  за позитивни промени во локалните заедници.

Во рамките на проектот беа изработени  14 едукативни прилози и 10 видео  пораки за медиумска писменост.

Активностите беа  финансирани  од  Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и Евротинк-Центар за европски стратегии во рамки на проектот, во рамки на проектот Со критичко мислење  до граѓани со  медиумска умешност -КриТинк“, поддржан од Европската Унија.

Новости

No posts found!

Галерија