За Центарот за Аудиовизуелни Уметности - CaArts

Популаризација на културните потреби во заедницата

Популаризација на културните потреби во заедницата

Мисија

Партиципативно развивање на културни политики за поттикнување на развојот на уметноста, образованието и јавните комуникации и поддршка на нови креативни индустрии  за популаризација на културните потреби во заедницата.

Визија

Развиена средина за современа култура и уметност со висок квалитет на мултимедијална продукција, со широко влијание на културната сфера во општината и регионот.

Историјат

Центарот за аудиовизуелни уметности е формиран во 1998 г. со основна цел да ја развива аудиовизуелната култура меѓу младите и возрасните, а воедно да создава услови за размена на искуства, едукација и промоција на нови пристапи во оваа област.

На почетокот центарот се занимава со организација на концерти на класична, духовна и алтернативна музика. Во 1997 г. група ентузијасти го создава и организира првиот детски музички фестивал “Распеано Симитче“ кој во 1998 г ја добива и својата правна рамка преку Центарот за аудиовизуелни уметности, кој се реализира до денес. Издава аудио и видео материјал од сите изданија на детскиот фестивал. Во 2012 година центарот учествува во иницирањето и организацијата на музичкиот фестивал „JoyFest“.

Во изминатиот период Центарот за аудиовизуелни уметности работи на организирање на настани во културата, поддржани од Министерството за култура на РСМ, Општина Крива Паланка, други донатори и спонзори.

Во 2017 година започнува со проектот Сите бои на џезот/ All the Colors of Jazz, кој го реализира регионално, со одржување на џез концерти и создавање на ликовни уметнички дела. Создадените дела ги подарува во колекцијата на модерна уметност во Градскиот музеј Крива Паланка.

Во 2017 ја реализираме меѓународната копродукција Го играме Чехов, со која го прошируваме своето делување и во театарската уметност.

Во 2019 г. започнува со реализација проектот Џез лектира кој има едукативен карактер и кој ги промовира вистинските вредноси во музиката.

Од 2019 година го спроведуваме проектот Културен форум-овозможувачка културна средина, од кој произлегува и Извештај за културата во општина Крива Паланка, кој се користи како документ за креирање на културните политики.

Во 2019 година се вклучуваме во областа на медиумското описменување и едукација на младите со проектот Медиумско описменување за критичен младински став.

Од 2020 г. во соработка со Градскиот музеј и општина Крива Паланка започнуваме со реализација на манифестацијата Есенски музички вибрации, која во својата програма вклучува концерти на класична музика од познати светски композитори.

Во 2021 го продуцираме документарниот филм за Димитар Стојчевски-првиот академски сликар од Крива Паланка.