Детски музички фестивал “ Распеано симитче 2022“

Шеснаесет нови детски песни беа изведени на 7-от по ред Детски музички фестивал „Распеано симитче“, што се одржа на 18 и 19 ноември, во НУ Центар за култура во Крива Паланка.

Фестивалот го организира Центарот за аудиовизуелни уметности, со финансиска поддршка на Општина Крива Паланка, која е и покровител, и на Министерството за култура.

И оваа година беа понудени популарни детски песни со модерен аранжман, кои ги пеат најмладите од Крива Паланка. Целта на фестивалот е популаризација на детската песна и културата со учество на локални и регионални автори и квалитетна музичка продукција.

Автори на детските песни се Игор Трајковски,Снежана Николовска, Оливера Николовска, Гордан Спасовски, Рената Кралевска,Филип Додевски, Лариса Ж. Митовски, Билјана П. Антовска, Павлинка Вељаноска, Драги Станков. Александар и Милош Краљевски и Среќко Поповски.

Песните се снимани во студиото на Сашко Митковски „СМ“ во Крива Паланка и во „ММ продакшн студио“ на Александар и Милош Краљевски од Куманово.