Нови седумнаесет песни беа изведени на сцената на НУ Центар за култура во Крива Паланка како дел од Детскиот музички фестивал „Распеано симитче 2024″.
Ова е јубилејното, десетто, издание на детскиот музички фестивал што низ годините успеа да изгради музичка култура за најмладите и возрасните во градот и регионот, промовирајќи локални автори на текстовите, музиката и аранжманот, етаблирајќи млади изведувачи и талентирани дечиња што ги интерпретираат песните, а тука се и членовите на хорот “Симитчиња“ што го комплетираат целиот сценски настап.
Организатор на фестивалот е Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка.
Генерален покровител е Општина Крива Паланка.