Традиционалната манифестација „Есенски музички вибрации“ ја организираат Центарот за аудиовизуелни уметности и Општина Крива Паланка, во соработка со културните институции од градот и со поддршка на Министерството за култура.
Манифестацијата промовира некомерцијална и класична музика во изведба на реномирани и потврдени уметници од музичкиот свет, кои презентираат дела на домашни и светски познати композитори.
Овој културен настан се реализира од 2018 година и е дел од редовната музичка и културна програма на градот. Воедно е и можност за промоција на музичките класици и изведувачи, со цел приближување на класичната музичка сцена до граѓаните во локалните заедници.
Внесувањето на„Есенските музички вибрации“ во културниот календар на Крива Паланка е потврда дека општината и културните установи и организации во градот водат долгорочни и одржливи културни политики.