Џезот и неговото постојано менување, импровизации, полиритмија…, создава нови форми и стилови, отвара нови сетила и перспективи во културното егзистирање на човекот. “Сите бои на џезот“ е мултимедијален проект кој во себе вклучува одржување на џез концерти, ликовен, фото и видео перформанс, при што се создават уметнички дела кои се подаруваат на институциите од културата.
Проектот има национален карактер и има тенденција да се реализира на различни места и во алтернативни простори.